Шеста ротација на словачки полицајци на јужната граница

20.01.2017 11:24

Словачките полицајци ќе спроведуваат заеднички патролни активности со македонските колеги на државната граница со Грција.

В понеделник во земјава пристигнуваат 25 припадници на полицијата на Словачка во рамки на шестата ротација. Ќе бидат распоредени во областа на Битола и Меџитлија со мандат на мисијата од 30 дена и можност за продолжување.

Словачките полицајци ќе спроведуваат заеднички патролни активности со македонските колеги на државната граница со Грција.

Главна задача им е превенција во областа на јавната безбедност и спречување неовластено преминување на наша територија, опремени се со теренски моторни возила, термални камери и уреди за ноќно гледање.

Словачка лани во земјава испрати вкупно 125 полициски службеници.