Лани во Германија пристигнале 12 илјади бегалци и мигранти
Само четири илјади биле протерани во Италија, Полска, Шпанија и Унгарија. Забележан е и рекорден број луѓе кои влегле и како дел од програмата за спојување на семејствата.

Лани во Германија стигнале 12 илјади бегалци и мигранти во рамките на Даблинскиот договор, според кој овие луѓе мора да останат во земјата-членка на ЕУ во која влегле прво. Најголем број се од Шведска, Холандија, Данска и Белгија.
Само четири илјади биле протерани во Италија, Полска, Шпанија и Унгарија. Забележан е и рекорден број луѓе кои влегле и како дел од програмата за спојување на семејствата.
Масовниот бран пристигнал од т.н. Балканска рута, па германските власти најавија дека ќе ги вратат во Грција, но од 2011 година кога Европскиот суд утврди дека во таа земја нема соодветни услови, па мигрантите не се праќаат таму.
