Зголемена потрошувачка на електрична енергија

20.01.2017 12:15

Од ЕВН Македонија велат дека поради влажниот и тежок снег имале проблеми на дистрибутивната мрежа со низок напон и тоа во скопско Драчево и во Гевгелиско.

Преносната електро мрежа на висок напон на 400 и 110 киловолтно ниво функционира оптимално и без нарушувања велат од МЕПСО. Ниските температури и снегот ја зголемија потрошувачката на електрична енергија, која во првите 19 дена од јануари годинава е за 17% поголема во однос на истиот период лани.

Од ЕВН Македонија велат дека поради влажниот и тежок снег имале проблеми на дистрибутивната мрежа со низок напон и тоа во скопско Драчево и во Гевгелиско.

Дефектите брзо се лоцираат, дежурните екипи интервенираат, но имаат проблеми  поради високите снежни навеви, велат од ЕВН.