ИД лани загубила една четвртина од територијата што ја освои во 2014-та година
20.01.2017 12:16
Во 2014-та година, терористите окупираа приближно една третина од Ирак.

Групата Исламска држава лани загубила приближно една четвртина од својата територија. За годинава се прогнозира дека џихадистите ќе бидат потиснати од северниот ирачки град Мосул.
Во 2014-та година, терористите окупираа приближно една третина од Ирак. Владините сили, поддржани од САД, вратија неколку градови, вклучувајќи го и Источен Мосул.
