Турскиот парламент го усвои законот за контрола над интернетот

06.02.2014 08:57

Турскиот парламент усвои закон со кој се зајакнува владината контрола над интернетот...

Турскиот парламент усвои закон со кој се зајакнува владината контрола над интернетот. Агенцијата за телекомуникации ќе има право да блокира веб страници без судска дозвола. 
 
Исто така, интернет провајдерите ќе мораат две години да чуваат податоци за активностите на корисниците, кои ќе им ги стават на располагање на властите.
 
Во Турција веќе се забранети илјадници сајтови, а премиерот Реџеп Тајип Ердоган отворено го критикува интернетот, нарекувајќи ги социјалните медиуми „најлоша закана за општеството“. 
 
Опозицијата го критикуваше законот како „имплементирање фашизам“.