МНР бара корекција на именувањето на Република Македонија од државните органи на Србија

20.01.2017 13:02

Користењето на референцата и кратенката од референцата наместо уставното име на Република Македонија e во спротивност со воспоставените дипломатски односи меѓу Република Македонија и Република Србија...

Министерството за надворешни работи по дипломатски пат побара итна корекција на именувањето на Република Македонија како БЈРМ на патарините во Србија.

„Користењето на референцата и кратенката од референцата наместо уставното име на Република Македонија e во спротивност со воспоставените дипломатски односи меѓу Република Македонија и Република Србија. Oваа недоследност треба веднаш да биде корегирана. Веруваме дека ваквата провокација која ги навредува чувствата на македонските граѓани не е одраз на добрососедство. Несоодветно и срамно е да се именуваме на навредлив начин помеѓу соседи“- се вели во соопштението од македонското МНР.