27 стандардизирани инвестициски проекти за земјоделците

20.01.2017 13:18

Како помош за земјоделците подготвени се 27 стандардизирани проекти за сточарски фарми, за овоштарски насади и за силоси.

Министерството за земјоделство објавува нови огласи за програмите ИПАРД 2 и за рурален развој за годинава. Како помош за земјоделците подготвени се 27 стандардизирани проекти за сточарски фарми, за овоштарски насади и за силоси.

Министерот за земјоделство Михаил Цветков денеска на прес-конференција истакна дека проектите се бесплатни и оти може да ги добијат сите заинтересирани земјоделци. Проектите електронски ќе бидат доставени и до подрачните единици на Министерството за земјоделство.

Изготвувањето на еден ваков проект чини од пет до десет илјади евра. Со ова им помагаме на земјоделците да не даваат пари за изготвување на вакви проекти, рече министерот Цветков.

Проектите ги содржат сите потребни елементи за изградба на една фарма и за подигнување на насади и колку ќе чини таа инвестиција.