Пронајдени шестмина преживеани во италијанскиот хотел затрупан во лавина
20.01.2017 13:25
Во зградата имало 30-ина гости, меѓу и деца, како и неколку членови од персоналот.

Спасувачите во Италија пронашле шестмина преживеани во хотелот кој беше затрупан од лавина во централна Италија. Во зградата имало 30-ина гости, меѓу и деца, како и неколку членови од персоналот.
Досега се извлечени четири тела. Операциите се отежнати поради високата снежна покривка и лошите временски услови.
