ФЗОМ: Се зголемува потрошувачката и достапноста на лековите
20.01.2017 14:02
Во 2016 година, лек на рецепт подигнале над 1,2 милиона осигуреници, односно 66 проценти од вкупниот број осигуреници.

Се зголемува потрошувачката и достапноста на лековите- покажува годишниот извештај на Фондот за здравствено осигурување. Најбарани во аптеките се оние за кардиоваскуларни заболувања, за проблеми со респираторниот и со нервниот систем.
Лекови на рецепт во 2016 година, истакна директорот на ФЗОМ Сашо Стефаноски, подигнале 1,23 милиони осигуреници или 66,4 отсто од вкупниот број осигуреници.
Разликата на сегашната ситуација со таа од пред 10 години е огромна затоа што сега повеќе нема редици во аптеките, нема дефицит на лекови и осигурениците не ги плаќаат приватно лековите по повеќепати повисоки цени, рече Стефаноски.
