Џихадистите уништија познат споменик во Палмира

20.01.2017 14:24

Тетрапилон е платформа на која се наоѓаат четири столбови од кои е сочуван само еден изворен од египетски гранит.

Екстремистите на Исламска држава уништиле еден од најпознатите споменици во древниот град Палмира, познат како Тетрапилон, како и фасадата на Римскиот театар.

Тетрапилон е платформа на која се наоѓаат четири столбови од кои е сочуван само еден изворен од египетски гранит.

Џихадистите минатата година уништија неколку древни храмови во Палмира, која ја држат под контрола од декември, кога по втор пат ја освоија.