Тутун: Две третини од реколтата се веќе откупени

20.01.2017 15:22

Две третини од тутунот во земјава е веќе откупен. Остануваат уште 4.000 тони, главно во Пелагонискиот регион. Родот е квалитетен, се постигнува добра цена, велат тутунарите. Ако послужи времето реколтата тешка 20.000 тони ќе се откупи порано од законскиот рок, 15-ти март.

Прилепчанецот Данчо Стојоски цел живот е тутунар. Вели, добро се роди, тутунот е квалитетен. Целиот род рачно го сработил. Чекаше времето да пушти за пеглање, за да ги донесе последните количества на вага.

Поради квалитетот на родот, годинава, како ретко досега и проценителите и поверениците на иста страна. Се постигнува цена и главно, нема оспорувања.

9-те откупувачи во земјава веќе две третини од родот го презедоа. Остануваат уште околу 4.000 од 20.000 тони тутун колку што тежеше реколтата. Главно, во Пелагонискиот регион, зашто во источниот дел откупот привршува. Просечната цена е 193 денари.

Ако дозволи времето, наредниот месец тутунот целосно ќе се откупи, но отворени пунктови ќе има до крајниот, законски рок, 15-ти март.

 

Елизабета Митреска