Директен пренос од инаугурацијата на Трамп на Собранискиот канал од 17 часот

20.01.2017 16:00

Јавниот сервис на Собранискиот канал ќе врши директен пренос од претседателската инаугурација на Доналд Трамп. Почнуваме во 17 часот, а низ преносот ќе ве водат Мирјана Василева и Зоран Богатинов.

Очите на светот вперени кон Вашингтон за инаугурацијата на Доналд Трамп, 45-от претседател на Соединетите Американски Држави. Трамп најави дека новата администрација во Белата Куќа ќе прави работи што со децении не биле правени за земјата, вети единство и обединување.

На Капитол хил има и приврзаници на новиот претседател и демонстранти. Трамп ќе положи заклетва пред две библии- една од мајка си и онаа што ја користел Абрахам Линколн пред век и половина.

Доналд Трамп и сопругата Меланија беа примени во Белата куќа од досегашниот претседател на САД, Барак Обама и првата дама Мишел. Тоа е последна средба на Трамп со Обама пред да даде заклетва како 45-ти американски претседател.

Трамп од Белата куќа ќе се упати кон Капитол хил ќе положи заклетва и ќе одржи говор.

Претходно новоизбраниот американски претседател Трамп заедно со сопругата Меланија беше во епископалната црква „Свети Јован“, со што практично почна свеченоста за негова претседателска инаугурација.

Јавниот сервис на Собранискиот канал ќе врши директен пренос од претседателската инаугурација на Доналд Трамп. Почнуваме во 17 часот, а низ преносот ќе ве водат Мирјана Василева и Зоран Богатинов.

Инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп следете ја на следниот ЛИНК