Македонска делегација денеска на молитвен појадок во Вашингтон
Претставниците од Македонската делегација утринава...

Претставниците од Македонската делегација утринава по американско време, во хотелот Хилтон во Вашингтон ќе учествуваат на традиционалниот молитвен појадок, заедно со претседателот Барак Обама и илјадници учесници од целиот свет.
На покана на американски конгресмени, делегацијата составена од потпретседателката на Собранието на Македонија, Сузана Салиу, како и пратениците Силвана Бонева, Владимир Ѓорчев и Андреј Петров, учествува на неколкудневната серија настани.
Молитвениот појадок во Вашингтон е традиционален, национален американски собир што оваа година се организира по 62 пат, каде еден до друг седат разни функционери од целиот свет и се молат за благосостојбата и заемното пријателство.
