Снегот ги заштити есенските посеви

23.01.2017 09:58

Врнежите од снег ги заштитија есенските посеви и ја обезбедија потребната влага во почвата. За овошките пак агрометеоролозите препорачуваат, доколку постојат услови овоштарите да го отстранат снегот од дрвјата да не дојде до кршење на гранките.

Новите врнежи од снег  ја зголемија снежната покривка во сите региони во земјава и ги заштитуваат есенските посеви од минимални температури да не дојде до измрзнување.

Поумерените температури на воздухот во овој период овозможуваат и нормални услови за презимување кај посевите и кај овошките и виновата лоза.

Очекуваните температури и во наредниот период со вредности до -7 степени нема да ја променат оваа состојба.

Евентуални штети, велат агрометеоролозите се можни само од кршење на гранките на овошките поради големата густина, односно тежина на снегот кој се задржува на дрвјата и заради тоа е потребно доколку има услови, со тресење на стеблата да се отстрани снегот.

 

Методија Трајков