Почна второто полугодие за основците и средношколците

23.01.2017 10:09

Од денеска почна второто полугодие. 270 илјади ученици, од кои 188 илјади основци и 80 илјади средношколци се вратија во училишните клупи. Зимскиот распуст беше продолжен со два дополнителни наставни дена, по препорака од Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство да се избегне опасноста од ширење на грипот.

Заврши продолжениот зимски распуст. Од денеска почна второто полугодие. 270 илјади ученици, од кои 188 илјади основци и 80 илјади средношколци се вратија во училишните клупи.

Зимскиот распуст беше продолжен со два дополнителни наставни дена, по препорака од Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство да се избегне опасноста од ширење на грипот.

Од ресорното министерство велат дека двата дополнителни дена ќе се одработат, најверојатно, во март и во април, за да се исполни вкупниот фонд од 180 наставни дена во учебната година.

Од наредниот понеделник, пак, 30-ти јануари, ќе почне екстерното тестирање на 18.600 матуранти, кое ќе трае до 3-ти февруари 2017-та година.