Нови правила за откупните места на ориз

06.02.2014 09:55

Прецизирани се условите кои треба да ги обезбедат откупувачите и годинава точно ќе се знае кој и каде може да се откупува ориз.

Откупувачите на земјоделски производи мора да имаат баждарени ваги, додека за трговците со нелупен ориз треба статична вага за мерење до 50 тона или мобилна со повеќе од  200 килограми. 
 
Исто така мора да поседуваат и опрема за чистење на зрното, за проценка и за  сортирање на квалитетот. 
 
Доколку откупот се врши на мобилно откупно место, покрај вагите и инструментите за мерење на влагата на зрното, потребно е и соодветно возило затранспорт на  жита.
 
Фирмите кои се занимаваат со откуп на земјоделски производи до 31-ви март мора да бидат ликвидни и со целосно исплатени долгови кон земјоделците. 
 
Методија Трајков