ПССЕ ќе расправа за изборите во Македонија

23.01.2017 10:14

На дневниот ред е и дебата посветена на нападите врз новинарите и слободата на медиумите во Европа, за предизвиците и одговорностите на он-лајн медиумите и новинарството.

Парламентарното Собрание на Советот на Европа на зимската сесија денеска ќе го разгледа извештајот за парламентарните избори во Македонија што ги набљудуваше нивна делегација.

На дневниот ред е и дебата посветена на нападите врз новинарите и слободата на медиумите во Европа, за предизвиците и одговорностите на он-лајн медиумите и новинарството.

Меѓу барањата за итни дебати на пленарната сесија се најдоа функционирањето на демократските институции во Турција и повикот за реформа на неефикасните европски политики за миграција, интеграција, безбедност. Како актуелна дебата е предложена расправата за ситуацијата во Сирија и нејзиното влијание врз соседните земји.

Дел од прашањата на дневниот ред на сесијата се дискусиите за функционирањето на институциите во Украина, за ситуацијата во Либан и ризиците за регионалната стабилност и безбедност на Европа и хуманитарната криза во Газа.