Јолевски во работна посета на САД
23.01.2017 10:15
Јолевски ќе учествува на форумот „Глобалниот тероризам и сајбер-заканите“, чиј домаќин ќе биде сенаторот Џим Ајнхоф.

Министерот за одбрана Зоран Јолевски од денеска е во работна посета на Соединетите Американски Држави, соопштуваат од Министерството за одбрана. Јолевски ќе учествува на форумот „Глобалниот тероризам и сајбер-заканите“, чиј домаќин ќе биде сенаторот Џим Ајнхоф.
За време на работната посета министерот Јолевски ќе оствари билатерални средби со претставници на администрацијата на САД, конгресмени, сенатори, како и со претставници на влијателни тинк-тенк заедници во Вашингтон.
