Нова ротација на словачки полицајци на Меџитлија
Словачките полицајци, врз основа на меморандумот за разбирање меѓу министерствата за внатрешни работи на Република Словачка и на Република Македонија, спроведуваат заеднички патролни активности со македонските колеги на државната граница за превенција при неовластено преминување.

Нова група од 25 припадници на полицијата на Република Словачка денска пристигнуваат во Македонија. Ќе бидат распоредени во областа на Битола и Меџитлија на македонско-грчката граница.
Словачките полицајци, врз основа на меморандумот за разбирање меѓу министерствата за внатрешни работи на Република Словачка и на Република Македонија, спроведуваат заеднички патролни активности со македонските колеги на државната граница за превенција при неовластено преминување.
Полицајците ќе бидат соодветно опремени со теренски моторни возила, термални камери и со уреди за ноќно гледање. Мандатот на словачката полициска мисија ќе биде 30 дена, со можност за продолжување.
Словачка во 2016-та година има испратено вкупно 125 полициски службеници што, како што наведуваат во соопштението од Словачката амбасада во Македонија, е најголем придонес по жител од осумте странски држави што учествуваат во заедничките операции во Македонија.
