Прилепчани подготвени за наредните студени денови

23.01.2017 10:29

Освен финансиски, јануари останува долг и тежок месец за преживување и поради снегот и грипот кој сѐ уште тишти. Во Брзата помош се одговара на сите повици кои, иако со намален интензитет, сѐ уште ги има многу.

Празничен, со поларна зима и грип. Јануари сѐ уште го чува зимскиот здив. Патиштата проодни, без проблем се одвива сообраќајот. По најавите за нов снег, деновиве интензивно се чистеа улиците. Дури и ноќе.

За она што остана, граѓаните се фатија за лопата. А, и да ги одмрзнат водоводните инсталации.

Преполовени се интервенциите во болничките одделенија, нема зголемен број на заболени од грип, но сега се чувствуваат последиците - кај постарите и немоќните. Петпати е зголемен бројот на домашните посети.

Граѓаните велат, подготвени се за новите зимски денови. Според надлежните, има доволно материјал за новиот снег.

 

Елизабета Митреска