Македонската филхармонија со концерт „Егзил во Америка“
06.02.2014 10:07
Денеска, со почеток во 20:00 часот, во Салонот на Македонската опера и балет, Македонската филхармонија...

Денеска, со почеток во 20:00 часот, во Салонот на Македонската опера и балет, Македонската филхармонија ќе го изведе концертот со наслов „Егзил во Америка“.
Како солист на овој концерт, ќе настапи македонската пијанистка Марија Вршкова, добитник на првата доделана награда „Виртуози“ за најдобар македонски изведувач, a oркестарот на Македонската филхармонија ќе настапи под диригентската палка на миленикот на македонската публика, Тимоти Редмонд, кој за прв пат оваа сезона застанува на македонскиот подиум.
На програмата се дела од композитори кои дел од својот живот и творештво поминале во Америка, па одтаму и насловот на овој концерт. Публиката ќе има можност да ги доживее: Концертната увертира „Карневал“ од Антонин Дворжак, премиерните изведби на Симфонија Реквием од Бенџамин Бритен и „Ноќен лет“ од Семјуел Барбер, а солистката Вршкова ќе го изведе полетниот Концерт за пијано и оркестар бр. 3 од Бела Барток.
