Поевтинуваат горивата

23.01.2017 12:38

Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека цените на 95 октанскиот бензин, на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство се намалуваат за 1 денар, додека бензинот од 98 октани поевтинува за половина денар.

Горивата поевтинуваат од полноќ. Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека цените на 95 октанскиот бензин, на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство се намалуваат за 1 денар, додека бензинот од 98 октани поевтинува за половина денар.

Од полноќ, литар Еуросупер БС- 95 ќе се продава за 66 денари, а Еуросупер БС- 98 за 68,5 денари. Литар дизел ќе се точи по цена од 52,5 денари за литар, додека малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство изнесува 41 денар. Поевтинува и мазутот, новата цена изнесува 28,525 денари за килограм.

Во просек, малопродажните цени се намалуваат за 1,58 проценти, како резултат на поевтината сурова нафта на светските берзи и понискиот курс на денарот во однос на доларот.