Случај „Поткуп“: Одбраната на Заев го оспори легитимитетот на обвинителот Милошевски
Според одбраната, неговиот мандат е веќе истечен, и најавија дека во иднина секоја негова одлука ќе биде оспорувана.

Во скопскиот кривичен суд ново рочиште за случајот „Поткуп“ во кој е обвинет лидерот на СДСМ, Зоран Заев. На почетокот на судењето, одбраната на Заев го оспори легитимитетот на обвинителот Владимир Милошевски и неговото право да постапува и понатаму во случајот.
Според одбраната, неговиот мандат е веќе истечен, и најавија дека во иднина секоја негова одлука ќе биде оспорувана. Беше дадена 30-минутна пауза.
Адвокатите на Заев рекоа дека Специјалното јавно обвинителство има отворено предистражни дејсвија за монтирање на случајот „Поткуп“ против лидерот на СДСМ и градоначалник на Струмица, но барањето беше одбиено.
Заев се товари за барање пари од бизнисмен во Струмица како против услуга за издавање дозвола за градба.
