Нова градинка во општина Аеродром со капацитет за 250 дечиња

23.01.2017 14:17

Градинката располага со шест големи занимални, простор за прием, кујна и санитарни јазли, а објектот е и енергетски ефикасен. За изградбата на градинката беа одвоени 25 милиони денари од буџетот на општината.

Општина Аеродром доби уште една градинка во која ќе може да се сместат околу 250 дечиња. Градинката е третоотворена во општината по новоизградените во Реонски центар и во Горно Лисиче.

Градинката се протега на површина од 1.700 метри квадратни и се наоѓа во склоп на клонот „Чекорче“ во близина на основното училиште „Ѓоргија Пулески“. Располага со шест големи занимални, простор за прием, кујна и санитарни јазли, а објектот е и енергетски ефикасен. За изградбата на градинката беа одвоени 25 милиони денари од буџетот на општината.

Новоотворените простории денеска ги посетија премиерот Емил Димитриев, министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими и градоначалникот на општина Аеродром, Ивица Конески.