Непозната дрога заплената на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул
Дрогата била откриена во чанта на патничка, која пристигнала со авион од Хонгконг, и која тврдела дека се работи за протеин во прав. Сепак лабораториските анализи покажале дека станува збор за нов вид на дрога, која во Турција не е позната.

На истанбулскиот аеродром „Ататурк“ во Турција полицијата запленила досега непозната дрога. Аеродромските власти соопштија дека само еден килограм од овој наркотик во вид на прав, бил доволен за да се произведат 900 килограми синтетичка дрога.
Дрогата била откриена во чанта на патничка, која пристигнала со авион од Хонгконг, и која тврдела дека се работи за протеин во прав. Сепак лабораториските анализи покажале дека станува збор за нов вид на дрога, која во Турција не е позната.
Патничката е приведена, а истанбулската полиција во соработка со своите колеги во хонгконг водат истрага за откривање на испраќачот на дрогата.
