Густа магла во Лондон, откажани сто летови
23.01.2017 14:32
Густата магла меѓудругото предизвика и загриженост во врска со квалитетот на воздухот во Лондон.

Поради густата магла во Лондон биле откажани околу сто летови на аеродромот Хитроу. Густата магла меѓудругото предизвика и загриженост во врска со квалитетот на воздухот во Лондон.
На мапата на британското министерство за заштита на животната средина е прикажана „висока загаденост“, ширум југоисточниот дел на Англија.
