Милошоски: Јанева се постави во улога на суд, со цел да му помогне на Заев

23.01.2017 14:53

Доказите ги оценува судот, Катица Јанева во моментов е обвинителка но сеуште не е судија. И СЈО е обвинителски орган, а не судски совет...

Со откажувањето од обвинението за случајот „Пуч“, обвинителката Јанева донесе политичка одлука и се стави на страната на обвинетиот Зоран Заев, изјави Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ. Недозволиво е, вели Милошоски, Јанева да цени докази што е во надлежност на судот.

Доказите ги оценува судот, Катица Јанева во моментов е обвинителка но сеуште не е судија. И СЈО е обвинителски орган, а не судски совет. Со одлуката со повлекување од предметот Катица Јанева се постави во улога на суд, излегувајќи од сопствените ингиренции и почна сама да ги суди и цени доказите се со цел да му помогне на обвинетиот Зоран Заев, изјави Милошоски.

Според ВМРО-ДПМНЕ, предмети на кои се повикува Катица Јанева за да го ослободи Заев сѐ уште се во фаза на истрага. А, предметот од кој што се откажа и го повлече обвинението имаше правосилен обвинителски акт.