Во скопскиот Кривичен суд ново рочиште за случајот „Поткуп“

23.01.2017 15:22

По паузата, во судот го замени обвинителот Биковски. Одбраната на лидерот на СДСМ, Зоран Заев веднаш побара од судот изземање на обвинителот Биковски.

Во скопскиот Кривичен суд ново рочиште за случајот „Поткуп“ во кој е обвинет лидерот на СДСМ, Зоран Заев. На почетокот на судењето, одбраната до судот приложи одлука на советот на јавни обвинители објавена во службен весник, според која на обвинителот Милошевски му е истечен мандатот во обвинителството за организиран криминал и корупција. Бараа негово повлекување, поради како што рекоа нелегитимност и престанување на неговиот мандат.

По паузата, во судот го замени обвинителот Биковски. Одбраната на лидерот на СДСМ, Зоран Заев веднаш побара од судот изземање на обвинителот Биковски. Адвокатите тврдат дека Биковски не може да го застапува обвинението бидејќи бил дел, од како што велат злосторничко здружение кое монтирало политички процес против лидерот на опозицијата, а исто така бил обвинител и во случајот „Пуч“.

Судијката даде два часа пауза за надлежен обвинител од обвинителството за организиран криминал и корупција да се изјасни по однос на барањето. Во секој момент се очекува решение, дали ќе почне процесот или ќе се одложи за друг ден.