Одложено судењето на Пенчевски

23.01.2017 15:57

Се одложи судењето на поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски. Вработен во одделението за човечки ресурси го тужи за мобинг. Панчевски, кој не се појави на судењето, за Македонската телевизија рече дека не добил покана за рочиштето, иако адвокатот на тужителот вели дека имал уредна достава.

Се одложи судењето на поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски. Се однесуваше на тужбата за мобинг поднесена против него од поранешниот раководител на секторот за човечки ресурси во судот, Горан Стаменковски. Неговиот застапник, адвокатот Душко Јанковиќ наведе дека судењето се одложило бидејќи тужениот Панчевски не се јавил на рочиштето, не го оправдал отсуството, ниту, пак дошол негов адвокат.

За МТВ експретседателот на Кривичниот суд, Панчевски изјави дека не присуствувал на судењето зашто не добил покана за судското рочиште. За него, рече Панчевски,  дознал  преку порталите и медиумите. 

Тужбата против Панчевски се однесува на тоа дека тој подолг временски период го прераспоредувал на други работни позиции Стаменковски и го казнувал. Тужителот морал и да исполни норма која не постои во праксата на судот, се наведува во тужбата.

Освен тужбата за мобинг, Стаменковски поднесол и две кривични пријави против Панчевски и тоа за малтретирање во службата и за повреда на рамноправноста.

 

Фиљана Кока