Министерство за култура

Со зголемен интензитет ќе се финансираат проекти од национален интерес

23.01.2017 16:15

Министерството за култура информира дека годинава со зголемен интензитет ќе ги финансира сите проекти од национален интерес предвидени во програмата. Автори чиишто дела биле прифатени велат дека предност секогаш имал квалитетот.

Со зголемен интензитет ќе ги финансираме сите проекти од национален интерес во културата предвидени во програмата – велат од ресорното министерство. Автори чиишто дела поминувале на конкурсот велат дека квалитетот секогаш имал предност. Според писателот Блаже Миневски, годишно во просек се одобруваат околу 300 изданија на книги, списанија или публикации од околу 3.000 апликации. Смета дека квалитетот, а не квантитетот, е пресуден за државната поддршка на авторите за издавањето на нивните дела.

Пијанистката Ана Гацева вели дека нејзе ѝ се одобрени четири проекти за годинава, за кои смета дека ќе го подигнат културно ниво дома и достојно ќе ја претставуваат македонската култура во странство.

Деканот на Факултетот зза ликовни уметности, Благоја Маневски, е дециден дека за изборот на дела кои ќе бидат поддржани од државата не е пресудна политичка припадност, туку уметничката и научната вредност на она што е создадено. Буџетот на Министерството за култура за 2017-та, во споредба со лани, е поголем, а само за програмски активности се предвидени 14,5 милиони евра.

 

Игор Панов