Сообраќајот во зимски услови, магла кај Велес, Катланово и Тетово
24.01.2017 10:15
Треба да се внимава при возењето, и да се почитува поставената сообраќајна сигнализација, препорачуваат од Авто-мото сојузот на Македонија.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по наместа влажни коловози. Магла има на патиштата кај Велес, Катланово и кај Тетово. Видливоста е од 50 до 100 метри.
Треба да се внимава при возењето, и да се почитува поставената сообраќајна сигнализација, препорачуваат од Авто-мото сојузот на Македонија.
Нема застој во авиосообраќајот на аеродромот „Александар Велики“.
Снег со слаб интензитет има во западните делови од земјава и во македонската житница Пелагонија. Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони.
