Величковски во работна посета на Лондон
24.01.2017 10:20
Началникот на ГШ на АРМ, Методија Величковски до 26-ти овој месец е во Лондон, каде што ќе учествува на панел дискусијата „Предизвици со кои се соочуваат копнените сили“.

Началникот на генералштабот на македонската Армија, генерал потполковник Методија Величковски до 26-ти овој месец е во Лондон, каде што ќе учествува на панел дискусијата „Предизвици со кои се соочуваат копнените сили“.
Ова е најголем годишен состанок во оваа област во светот, а Величковски ќе го посети и меѓународниот саем за оклопни возила во Лондон.
