Поддршка од Сенатот за Тилерсон
24.01.2017 10:24
Поддршката ја обезбеди републиканскиот сенатор Марко Рубио, а против беа сите сенатори од Демократската партија.

Американскиот Сенат го поддржа изборот на Рекс Тилерсон, за нов државен секретар, но со тесно мнозинство од само еден глас.
Поддршката ја обезбеди републиканскиот сенатор Марко Рубио, а против беа сите сенатори од Демократската партија.
Тилерсон е 64-годишен нафтен магнат, има блиски врски со Москва, поради бизнисот, а во 2013-та година доби и одликување од рускиот претседател Путин.
