„Индепендент“: Можен нацрт-закон за Брегзит до крајот на неделата

24.01.2017 10:51

Весникот се повикува на владини извори кои наведуваат дека документот веројатно ќе биде завршен неколку дена по очекуваната одлука од Врховниот суд за прашањето за процедурата на „разводот“ со ЕУ.

Британски „Индепендент“ пишува дека е можно премиерката Тереза Меј до крајот на неделата да претстави нацрт-закон со кој ќе се активира процедурата за излегување на државата од Европската унија.

Весникот се повикува на владини извори кои наведуваат дека документот веројатно ќе биде завршен неколку дена по очекуваната одлука од Врховниот суд за прашањето за процедурата на „разводот“ со ЕУ.

Аналитичари сметаат дека одлуката нема да биде во корист на Меј и тоа ќе му овозможи на парламентот право да се произнесе одново за активирање на процедурата со која ќе почне 2-годишен рок за напуштање на ЕУ.