Речиси 36 илјади осигуреници досега ги искористиле е-услугите на ФЗОМ

24.01.2017 11:44

Од Фондот соопштуваат дека најкористена електронска услуга е за заверка на ортопедски помагала...

Фондот за задравство забележува зголемено користење на електронските услуги од страна на осигурениците. Е- услугите на ФЗОМ досега ги искористиле вкупно 35.734 осигуреници.

Од Фондот соопштуваат дека најкористена електронска услуга е за заверка на ортопедски помагала која 31.015 осигуреници ја искористеле и поднеле документи преку матичните лекари и лекарите специјалисти по електронски пат.

Придобивките од електронските услуги кои ги воведе Фондот за здравствено осигурување, посочуваат оттаму, се бројни и за осигурениците и за фирмите и за здравствените работници, при што нема трошење време и финансиски средства за да се оди до подрачната служба на Фондот.