Лидерот на Хамас во посета на Египет

24.01.2017 11:55

Хамас која има врски со египетската организација Муслиманско братство, поддржуваше односи со претседателот Мохамед Морси кој беше соборен од Армијата по една година на власт.

Лидерот на Хамас, Исмаил Ханија пристигна во Египет на средби со официјални лица од сферата на безбедноста. Тоа е прва посета на лидер на вооружената палестинска група откако во 2013-та година армијата го собори од власт тогашниот египетски претседател, потврдија од Хамас и од египетска страна.

Хамас која има врски со египетската организација Муслиманско братство, поддржуваше односи со претседателот Мохамед Морси кој беше соборен од Армијата по една година на власт.

Претходно, египетската влада ја засили израелско- египетската блокада врз појасот Газа, раководена од Хамас, но во изминатите месеци има признаци на подобрување на односите.