„БЕСА“: Потребна е стабилна влада
24.01.2017 12:15
Уверени сме дека ќе се формира Влада, дали ќе биде тоа ВМРО-ДУИ, дали СДСМ-ДУИ и други партии, ќе треба да почекаме, вели Касами...

Од движењето „БЕСА“ се уверени дека наскоро ќе се формира Влада. Велат- на земјава ѝ е потребна стабилност.
„Уверени сме дека ќе се формира Влада, дали ќе биде тоа ВМРО-ДУИ, дали СДСМ-ДУИ и други партии, ќе треба да почекаме. Јас се надевам дека сите политички партии ќе рефлектираат базирано на резултатот кој го постигнаа на изборите. На Македонија ѝ треба стабилна влада која ќе работи за сите граѓани“, изјави Билал Касами, претседател на движењето „БЕСА“.
