Опасност од тероризам во Сочи

06.02.2014 10:37

САД ги предупредија авиокомпаниите што ќе летаат кон Русија за олимпијадата...

САД ги предупредија авиокомпаниите што ќе летаат кон Русија за олимпијадата дека на нив можат да бидат прошверцувани туби пасти за заби полни со експлозив.
 
Масовното обезбедување е речиси распоредено во градот, по одлуката на путин игрите во Сочи да бидат најбезбедни до сега.
 
Инаку, уште денеска треба да почнат првите настани во лизгање, скијање и во сноубординг, иако церемонијата на официјалното отворање е закажана за утре.