Пожари во Чиле

24.01.2017 12:18

Три лица ги загубиле животите во пожарите кои погодија региони во централниот и јужниот дел од државата меѓу кои и реон близу пристанишниот град Валпараисо и главниот град Сантјаго.

Пожари зафатиле околу 130.000 хектари шума во Чиле, а состојбата дополнително ја усложнува силниот ветар.

Три лица ги загубиле животите во пожарите кои погодија региони во централниот и јужниот дел од државата меѓу кои и реон близу пристанишниот град Валпараисо и главниот град Сантјаго.

Според министерот за внатрешни работи Марио Фернандес, не е исклучено дел од пожарите да биле подметнати.