„Тарифа“ и „Тенк“ - нови истражни постапки на СЈО

24.01.2017 12:23

Првата истражна постапка е за тендер на ЕЛЕМ, а другата за набавката на мерцедесот на екс-премиерот Груевски, информираат од СЈО.

„Тарифа“ и „Тенк“ се новите случаи што ги отвори Специјалното јавно обвинителство. Опфатени сe 7 лица под сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба.

Првата истражна постапка е за тендер на ЕЛЕМ, а другата за набавката на мерцедесот на екс-премиерот Груевски, информираат од СЈО.

Службени и одговорни лица во постапка по јавна набавка на софвер за потребите на ЕЛЕМ, овозможиле конзорциум, кој подоцна го добил тендерот, да се квалификува во втората фаза на преговарање, иако немало доставено комплетна документација. Вредноста на склучениот договор е нешто повеќе од 4 милиони евра.

Во случајот „Тенк“ опфатени се две лица под сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување во периодот од февруари до крајот на октомври 2012 година. Првоосомничената го поттикнала второосомничениот незаконски да фаворизира определен економскиот оператор и да се набави возилото.

Како што информираат од СЈО, второосомничениот донел одлука за избор на најповолна понуда и склучил договор за јавна набавка на возило во износ од речиси 30 милиони денари.