Лондон
Врховен суд: Парламентот мора да гласа за Брегзит
24.01.2017 12:41
Тоа значи дека премиерката Меј не може да почне разговори со Европската унија сѐ додека членовите на Парламентот не ѝ дадат дозвола.

Врховниот суд денеска соопшти дека Британскиот Парламент мора да гласа дали владата да го почне процесот за Брегзит. Тоа значи дека премиерката Меј не може да почне разговори со Европската унија сѐ додека членовите на Парламентот не ѝ дадат дозвола.
Судот реши дека за тоа не е потребно одобрување од Шкотскиот, Велшкиот и Северноирскиот Парламент.
Се очекува соопштение од владата на Велика Британија, која наведе дека е подготвена за активирање на членот 50 од Лисабонскиот договор.
Истата одлука судот ја донесе и во ноември, но британската влада се жалеше и повторно го загуби процесот.
