Магла на патните правци Велес-Катланово и Скопје-Тетово-Гостивар
24.01.2017 12:59
На останатите патишта низ државата сообраќајот се одвива тековно во зимски услови по претежно влажни коловози.

Врнежи од слаб снег има во Демир Капија и Удово, а магла со видливост до 100 метри на патните правци Велес - Катланово, Тетово - Скопје и Тетово - Гостивар, соопшти попладнево јавното претпријатие „Македонија пат“.
На останатите патишта низ државата сообраќајот се одвива тековно во зимски услови по претежно влажни коловози.
„Македонија пат“ апелира до возачите внимателно да возат и да ја прилагодат брзината кон условите на патот.
