Опасноста за есенските посеви помина, земјоделците порано да почнат со прихранување

24.01.2017 14:59

Опасноста за есенските посеви помина, констатираат земјоделците и агрономите. Поларните температури оставија незначителна трага, но главно, еасенските посеви со пченица и јачмен сега се заштитени со снежна покривка. Агрономите препорачуваат земјоделците порано да почнат со прихранување.

Младиот земјоделец Орхан Хасаноски од Дебреште, Долненско има посеано 3 хектари со пченица. Во просек добива околу 4 и пол тони од хектар. Зимата беше тешка со поларните температури кои ќе остават мала трага на посевите. Но, вели, сега се заштитени под снегот.

Снегот ги заштити 14 -те илјади хектари жито во прилепскиот дел на Пелагонија, велат од Министерството за земјоделство. Не се очекуваат поголеми проблеми за посевите. Агерономите со препорака до земјоделците, порано напролет да почнат со прихранување на житото.

Од 14.000 хектари со жито во прилепско, 9.000 хектари земјоделците посеаја со пченица, а 5.000 со јачмен.

 

Елизабета Митреска