Студеното време го зголеми интересот за огревно дрво
24.01.2017 15:12
Од „Македонски шуми“ велат дека на залиха во скопските магацини имаат одредено количество дрво, но проблем е снегот кој оневозможува дотур од шумите.

Ниските температури предизвикуваат зголемен интересот кај граѓаните, особено во Скопје, за докупување огревно дрво. Од „Македонски шуми“ велат дека на залиха во скопските магацини имаат одредено количество дрво, но проблем е снегот кој оневозможува дотур од шумите.
Во тек е јавниот повик за склучување договори за испорака на огревно дрво за 2017-та, кој трае до крајот на март. Интересот е на минатогодишното ниво, велат од „Македонски шуми“, а цените се непроменети, 2.370 денари за кубик бука, односно 2.45о за даб, без вклучен превоз.
