АФЕТ: Се очекува смирување на тензиите во Македонија

24.01.2017 16:16

Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент ги скенираше состојбите во Западниот Балкан. На агендата и нашата земја. Пратеничката Маријана Петир, која ја предводи групата „Пријатели на Македонија“, побара да ни се одобри почеток на преговорите.

Очекувањата на Европскиот парламент се дека тензиите во Република Македонија ќе се смират, како и во останатите држави од Западен Балкан, но Европската унија треба поактивно да учетсвува во стабилизацијата на односите во регионот и нивна побрза интеграција во Унијата- ова е заклучокот од денешната дебата на Комисијата за надворесни работи на ЕП, насловена „Размена на мислења за актуелните состојби и растечките тензии во земјите од Западен Балкан“.

Најекплицитна беше пратеничката Маријана Петир која е и претседател на групата „Пријатели на Македонија“, изразувајќи загриженост за пристапот на ЕУ кон државите од Западен Балкан. „Треба да е интерес на ЕУ, земјите од Западен Балкан да продолжат на патот кон стабилност и мир“- додавајќи дека Брисел води двојни стандарти кон овие држави.

Кога говориме за двојни стандарди, ќе ја посочам Македонија, која сите знаеме дека ги исполнува сите услови за членство во ЕУ, но последните десет години чека дури и почеток на пристапните преговори. Затоа, ги поканувам сите земји- членки на ЕУ конечно да одобрат почеток на преговори за членство со Македонија“, нагласи европратеничката Мирјана Петир.

Кординаторот на Европската народна партија, Кристијан Дан Преда посочи дека Брисел треба пепознае дека во регионот постои сериозна криза на демократијата, и дека етнонационализмот е сѐ уште активен во Западен Балкан. Тој го нагласи и руското влијание особено во Република Српска, како и бранот на мигранти кои поминаа низ овој регион изминатиот период. Токму затоа, потребно е да се забрза евроинтегративниот процесс на овие држави.

Проширувањето е одложено, затоа не носи бенефит на проевропејците. Некогаш се охрабрува криза на демократијата во регионот, а и ние треба да чувствуваме вина за тоа“, рече Кристијан Дан Преда.

Со сличен став и известувачот за Република Македонија, Иво Вајгл кој е и иницијатор на денешната дебата.

„Јас како известувач за Македонија, како и секој друг известувач, сметам дека државата треба да започне со преговори, но наша обврска е да помогнеме да се стабилизира регионот за нивна евроинтеграција и членство во НАТО“, нагласи Вајгл.

Инаку дебтата за извештајот на развојот на сосотојбите во Р. Македонија ќе се одржи во понеделник, следната недела.

Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник од Брисел за МРТ