Инвестиции во рурални средини со помош на ИПАРД 2
Во ИПАРД 2 програмата, алтернативното земјоделско производство ќе биде поддржано со највисока стапка на ко-финансирање. Исто така во руралните средини за малите бизниси, услужните дејности и за занаетчиството ќе се добиваат 65 проценти неповратни средства.

Со 65 проценти неповратни средства ќе бидат поддржани неколку производствени и услужни дејности во руралните средини. Од алтернативното земјоделство ќе се кофинансира одгледувањето на зајаци, птици, полжави, резервати за дивеч, рибници и пчеларство.
Од индустриските капацитети, мали фабрики за производство на храна, мелнички производи и пекари, за преработка на овошје и зеленчук, оцет и вино.
Тука се и бизнисите за производство на хартија,стакло, козметика, паркет, мебел, хемиски препарати, пестициди, пакување и етикетирање.
Пари ќе има и за сите регистрирани занаетчиски активности и услуги во руралните средини. Ќе се финансира и руралниот туризам, односно камповите, музеи , организирање семинари и обуки и рекреативни активности за туристите.
Најмала вредност на инвестиција за која се бара ко- финансирање е 1.500 евра,а највисока 1.000.000 евра.
Методија Трајков
