Трамп ги менува мерките за бегалците во САД

25.01.2017 10:26

Првите наредби се очекува да бидат потпишани денеска. Трамп го потврди ова и на Твитер...

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе ги смени мерките за бегалците и мигрантите, вклучувајќи и привремена забрана за нивен влез и за издавање на американски визи за граѓани од Сирија, Ирак, Иран и други муслимански земји.

Првите наредби се очекува да бидат потпишани денеска. Трамп го потврди ова и на Твитер каде што напиша: „Утре ќе биде голем ден  за националната безбедност. Меѓу другото, ќе го градиме и ѕидот меѓу САД и Мексико“.