Протестите на инаугурацијата на Трамп финансирани од Сорос
Протестите на инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп биле финансирани од милијардерот Џорџ Сорос. Многу приврзаници на Трамп биле нападнати од анархистите коишто протестираа во Вашингтон. Полициски функционери сведочат дека Сорос ги спонзорира насилствата против Трамп и полицијата во Америка.

„Добредојдовте во земјата на Џорџ Сорос, народе!“- поради оваа изјава Американец којшто присуствуваше на инаугурацијата на претседателот Доналд Трамп во Вашингтон на 20-ти јануари беше нападнат од демонстрантите на невладината „Мув он“ спонзорирана од милијардерот Џорџ Сорос. Над 200 демонстранти коишто палеа автомобили и корпи за отпадоци и кршеа излози на продавници и канцеларии беа уапсени во главниот американски град поради вандализам.
Џорџ Сорос е финансиер на невладината „Блек лајв метер“, која шерифот на Шарлот во Северна Каролина јавно на американската телевизија „Фокс њуз“ ја обвини за организирање на насилните протести и напади врз полицајците минатиот септември.
„Она што се случува во Шарлот и во други области се напади врз полицајци и владеењето на правото. Ова е анархистички напор финансиран од Џорџ Сорос. Наивно е да мислиме дека ова се протести. Ова нема ништо со протести за еднаквост. Џорџ Сорос финансира напад врз американските вредности и западната култура“, изјави Дејвид Кларк, шериф на Шарлот, Северна Каролина.
Пред една недела, „Викиликс“ објави и-меил од шефот на изборниот штаб на Хилари Клинтон, Џон Подеста до Џорџ Сорос со препораки како да влијае на јавното мислење со финансирање на групите „Вимен воут“, „Мув он“, „Сиера клаб“ против Доналд Трамп коишто протестираат за време на изборната кампања.
На сајтот на невладината „Мув он“ формирана и финасирана од Џорџ Сорос стои дека тие организирале 200 протести во Америка по изборот на Доналд Трамп за претседател. Сорос сега финансира петиција за укинување на начинот на избори во САД со освојување на 270 електорални гласови.
Администрацијата на Доналд Трамп собира докази за вмешаноста на Џорџ Сорос најголемиот финансиер на кампањата на Хилари Клинтон за организирање на нереди и насилства во Америка.
Ирина Гелевска, постојан дописник од Вашингтон за МРТ
