Могерини: Да се заборават тензиите, да продолжи дијалогот меѓу Србија и Косово

25.01.2017 11:14

За следните денови најави серија средби на високо ниво. Могерини оцени дека шефовите на Србија и на Косово се договориле да ги остават тензиите зад себе...

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини им се заблагодари на српскиот и косовскиот претседател Томислав Николиќ и Хашим Тачи, како и на премиерите Александар Вучиќ и Иса Мустафа, за конструктивниот и отворен состанок во Брисел.

За следните денови најави серија средби на високо ниво. Могерини оцени дека шефовите на Србија и на Косово се договориле да ги остават тензиите зад себе и да се фокусираат на работата која претстои.