Италијанските спасувачи пронајдоа уште едно безживотно тело во хотелот затрупан од лавина

25.01.2017 11:33

Локалните медиуми информираат дека гостите останале заробени во хотелот бидејќи екипите нашле спакувани куфери во објектот.

Италијанските спасувачи пронајдоа уште едно безживотно тело на засега неидентификуван маж во хотелот „Ригопјано“ кој беше затрупан и уништен од лавина предизвикана од земјотрес. Засега се потврдени 18 смртни случаи, а 11 лица се водат за исчезнати.

Локалните медиуми информираат дека гостите останале заробени во хотелот бидејќи екипите нашле спакувани куфери во објектот.

На интернет се појави и електронска порака која управата на хотелот им ја испратила на властите барајќи помош, само неколку часа пред катастрофата.